Вести

На осигуреник не сакале да му го продолжат осигурувањето затоа што заболел од рак?!

На осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак, информираше Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) до каде што стигнала претставаката од осигуреникот.

– АСО ги соочи двете осигурителни компании (од кои едната го предава, а другата го превзема осигуреникот) и ги разгледа условите и аргументите на трите страни. Случајот беше решен позитивно, при што двете компании се усогласија, а осигуреникот доби полиса за животно осигурување која го обезбедува кредитот – информира АСО.

Оттаму велат дека ова е една од 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот во 2021 година. Бројот на претставки од осигуреници лани е зголемен за 2,4 пати во споредба со 2020 година, покажуваат официјалните податоци на АСО.