- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

УЈП најавува пролонгирање на рокот за поднесување даночна пријава, сметководителите најавуваат протест

Businessman working in the office
87views

Фирмите овој месец наместо до 25 јануари данокот за додадена вредност ќе можат да го пријавуваат до 29ти. Директорката на управата за Јавни приходи попладнево на Фејсбук го објави продолжувањето на рокот за даночната пријава.

увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04. Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020 до 31.12.2020 и 01.12.2020 до 31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021“, напиша Лукаревска.

Advertisement

Неофицијално, се размислува и на пролонгирање на рокот и за поднесување на завршните сметки за 2020 година и тоа за 30 или 60 дена. Одлуката ќе биде донесена в понеделник.

УЈП се реши на ваков чекор откако сметководителитете и сопствениците на фирми се пожалија дека рокот за даночните пријави и завршните сметки за време на пандемија им е прекраток бидејки дел од нив  се или болни или во самоизолација, а казните и пеналите за доцнење се големи. Овластените сметководители побараа пролонгирање по примерите на соседните држави, во спротивно најавија протест за вторник.

Advertisement

Продлжувањето на рокот за пријава на ДДВ за 4 дена не ги задоволува, останува да протестираат.

Продложувањето на рокот нема да има никакви фиансиски импликации врз буџетот, тврдат од Комората. Во земјава околу 10 илјади лица се овластени сметководитили . Тврдат дека професијата им е загрозена, а со најавените законски измени дополнително ќе се влоши.

Извор: Сител 

Advertisement