Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил апелира до сите граѓани да ги заштитиме здравствените работници бидејќи од нив зависи јавното здравје и нашите животи.
Секогаш, давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од Ковид-19, пишува Филипче.
„Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт, пишува Филипче, додавајќи дека доколку се сомневате дека сте заболени од Ковид-19 или имате симптоми карактеристични за вирусот да носите заштитна опрема и да држите растојание.
Оваа борба, вели тој, зависи од секој од нас.
„Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Тие за сите нас, ние за сите нив“, пишува Филипче на Фејсбук.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024