- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Филипче: Можно кратење на работата на угостителите и продолжен полициски час

Филипче: Можно кратење на работата - Работник
1.33Kviews

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека не е исклучено Комисијата за заразни болести да предложи и дополнителни рестриктивни мерки против ширењето на болеста, но во насока на евентуално кратење на работното време на угостителските објекти и продолжување на полицискиот час.

„Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1.000 случаи. Очекуваме во следниот период во таква насока да одат состојбите и да имаме стабилизација, со други зборови полицискиот час воведен пред една недела, да ги дава резултатите“, изјави Филипче.

Тој оцени дека во текот на неделава има забрзано полнење на болничките капацитети, пред сѐ, на интерните клиники со цел, како што речe, да се обезбеди доволно простор за хируршките клиники да бидат во функција.