МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Фото) Јовановски: Голем дел од дисциплниските постапки во АВРМ се фингирани

Јовановски - Работник
524views

Горан Јовановски е синдикален претставник од синдикалната организација на АВРМ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија кој од 2012 година работи во Агенцијата за вработување. Тој во 2019 година се префрла во Министерството за информатичко општество и администрација, односно во Кабинетот на дополнителниот заменик Министер за информатичко општество и администрција, оставајќи го работниот однос во АВРМ во мирување.

Откако завршува неговата функција во МИОА тој повторно бара да се врати на работното место во АВРМ, но актуелната директорка го одјавува, по што Јовановски останува без работа.

Јовановски за порталот Работник вели дека хронолошки има потпишано спогодба, на којашто свои потписи имаат ставено МИОА и АВРМ, со којашто тој се презема во МИОА.

„Веднаш поднесов барање за мирување на работниот однос до Агенција за вработувње кое е согласно член 51 од Законот за Влада, согласно член 28 од Законот за административни службеници, а истото го регулира и Законот за вработени во јавен сектор. Истото е втемелено во членот 3 од самата Спогодба и воедно во решението кое го добив на 27.07. 2020 година, каде што Министерот за информатичко општество ме распоредува, односно времено мирува мојот работен однос во АВРМ, додека на функција е дополнителниот заменик министер за инфроматичко општество и администрација“, вели Јовановски.

Тој посочи дека на 25.07 го одјавуваат од МИОА, додека на 26 истиот месец, АВРМ го одјавува. Последователно на деновите 27,28,29 од АВРМ побарал да го вратат во работен однос, со тоа што неговото стоење пред зградата на Агенцијата, директорката го третирала како некаков вид на притисок, за како што вели Јовановски, таа да донесе незаконско решение, а позади неговото барање за враќање во работен однос стојат три закони, спогодба и решение од Министер.

Според негова претпоставка, гледано хронолошки наназад 50,000 луѓе се вратиле во работен однос и на никој од нив не им било оспорено тоа право, освен нему.

Истакна дека на 29.07 во 13 и 30 часот добил известување од страна на директорката на АВРМ дека ќе биде писмено известен за нејзината одлука, за да, како што вели, не стоел пред зградата бидејќи на тој начин вршел притисок врз неа. Јовановски вели дека во Законот е утврдено дека на оној на кој работниот однос му е во мирување има рок од пет дена за да се одлучи дали ќе се врати во работен однос, меѓутоа таа одлука е само на работникот, а не и на работодавачот. Наведе дека работодавачот е должен согласно законите, да го врати во работен однос.

Тој смета дека политичката нетпреливост е една од причните, меѓутоа дополнително, тоа и го напишал во неговата објава на фејсбук, а тоа е дека е овластен синдикален претставник и ги застапува вработените во дисциплинските постапки од кои поголемиот дел според него се фингирани. Тој вели дека еден од пет адвокати во дисциплински постапки има наплатено околу 100,000 евра за застапување на АВРМ.

Тој истакна дека на институциите не име е грижа за вработените и нивните судбини. Вели тие имаат пари да платат адвокати за да им ги водат дисциплинските постапки, но вработените немаат доволно финансии за да платат адвокат кога ќе треба судски да се изборат за своите работнички права. За работниците, вели, правдата е скапа.

Јовановски посочи дека има поднесено тужба за психичко вознемирување, поради што директорката дополнително се изреволтирала. Во тужбата тој навел 48 прилози, бидејќи се соочувал и со решение за отказ, поради тоа што го нарушил личниог углед на инстиуцијата, што според него е парадокс. Но, решението не поминало, бидејќи неговата жалба била прифатена од Агенција за Администрација поради тоа што наместо за три дена, решението го донеле за 7 дена не навелегувајќи во суштината на самата дицсиплинска постапка којашто завршила до решение за престанување на работниот однос, а веднаш потоа Јовановски поднел тужба за психичко вознемирување.

Тој наведе дека уште од самото вработување во АВРМ бил оценуван со најдобри оценки, па дури и од сегашната директорка во 2018 година добил високи оценки, но под притисок на неговите колеги, бидејќи, како што вели Јовановски, таа рекла дека сакала да му ја стави најниската оценка. Тој додаде дека нема оценки за 2017 и 2019 година, што како што вели, е спротивно на законот за административни службенци.

Јовановски на фејсбук ги приложи сите негови документи околу неговиот случај. Во продолжение можете да ги погледнете:

Бобан Илијевски