МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Штрајк доколку не се исплатат платите согласно Колективниот договор во културата

Вработените во установите од културата спремни за штрајк, доколку и јулската плата не е според новиот Колективен договор, напиша Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура- СОНК, Јаким Неделков на неговиот фејсбук профил.

Имено, со одлука на Владата се пролонгираше имплементацијата на одредбите за плати од Колективниот договор, но Владата потоа ја смени одлуката, со тоа што овие одредби започнаа да важат од 1 јули 2020 година.

СОНК заедно со СКРМ и Министерството за култура, Колективниот договор го потпишаа на 31 декември 2019 година. Тогаш беше и договорено одредбите 65 и 66 кои се однесуваат на платите на вработените во дејноста култура да започнат со импелментација од 1 јули 2020 година.

Бобан Илијевски