(ФОТО) СПМ: МВР „продолжува“ со подобрување на условите во полициските објекти
Во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, покрај 58-те веќе реконструирани објекти, Министерството за внатрешни работи “продолжува” понатаму со подобрување на условите во полициските објекти и во другите места овој пат во центарот на Министерството.
Во овој момент се реализираат и “подобруваат” условите “во 59 објект” односно во зградата на само десетина метри далечина од местото каде е сместен Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој единствена стратешка цел е “целосно” да ги реконструира објектите на МВР( ова целосно не ни, е јасно како Синдикат што значи али како за уво пред јавноста е ОДЛИЧНО🤢).
***********‼️**************‼️*****************‼️*********
Но доста фантазија, да се вратиме на нормалноста и да кажеме СТОП за лагите и скапиот ПР како никогаш досега на “best ever” Министер Спасовски‼️
ТОА што е “целосно” реконструирано во оваа зграда тоа е нова перална за перење на колите на НАЧАЛНИЦИТЕ и КАБИНЕТИТЕ. Но, затоа пак “обичниот” работник кој работи во таа зграда ќе “живее и работи” во мизерија наназад со ГОДИНИ, притоа немајќи НИКАКВИ услови за исполнување на основните негови потреби-вршење на физиолошки потреби.
Почитуван….. Министре, работниците не се задоволни со фарбање и мачкање со поликолор фасадите на објектите каде работат. Тие ќе станат задоволни тогаш кога ќе им обезбедите пристојни услови за работа а не МИЗЕРИЈАТА прикажана подоле на сликите. И секако поголеми плати 🤔‼️
Го повикуваме надлежниот Државен здравствен и санитарен инспекторат да преземе мерки од негова надлежнист‼️
Од тука го повикуваме актуелното раководство Министерството за внатрешни работи да престане со скапите реклами и фалења пред јавноста и конечно да започне со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата И ВИСТИНСКИ да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.
Следуваат вознемирувачки слики од реалната слика во кругот на Министерството ‼️⚠️






