НовостиПравда

Функционерите со 78% зголемени плати не гласаа за зголемување на додатокот на лицата со попреченост, велат од Левица

   Време за читање 1 минута

Пратениците на Левица поднесоа предлог-измени на два закони, со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција за лицата со попреченост. Mеѓутоа, овие закони за унапредување на положбата на лицата со попреченост не ја добија потребната поддршка во Собрание од страна на владејачкото мнозинство. 

Револтира фактот што, токму оние функционери кои добија покачување од 78 проценти за нивните плати, овојпат не изгласаа покачување на додатоците на лицата со попреченост. Токму оние кои се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот во Собранието, за жал ги штитат само сопствените интереси.

Левица поднесе низа предлог-закони за унапредување на правата на лицата со попреченост, како и закони со кои ќе се ограничуваат правата на функционерите – како укинување на апанажата и укинување на патните трошоци. И овие закони не беа поддржани во Собранието, со што функционерите си ги задржаа своите бенефиции, но не дозволуваат истите бенефиции да ги добијата лицата со попреченост и останатите граѓани. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *