Останато

Кинески концепт стар 2,000 години може да ве направи поуспешни: Психологот вели дека бара речиси „нула труд“

„Видов како „културата на гужвата“ може да има токсично влијание на луѓето“, рекла психологот со 15 години искуство за Make it.

Но 2,000 години стариот кинески концепт наречен „vi vei“ кој се преведува како „акција без напор“, може да не доведе до порамнотежен, поисполнет и поуспешен живот. Како на приватен, така и на професионален план.

Не сакам да кажам дека треба само да седите и ништо да не правите. Vu vei е концепт за дозволување работите да се случат сами од себе, природно, и без ваша контрола. Нагласува да преземете акција кога е тоа потребно, но не со претеран напор и напнатост“, вели психологот.

Таа додава дека секогаш се обидува да го примени „vi vei“ во својата пракса, бидејќи истражувањата покажуваат дека може да помогне во намалувањето на стресот и анксиозноста, додека истворемено го зголемува задоволството и општата благосостојба.

Како концептот да го прилагодите на својата дневна рутина?

Прифатете ги работите како што се

Да речеме дека организирате забава. Наместо да се оптоварувате околу секој детаљ, практикувањето на „vu vei“ концептот значи да сфатите дека работите можеби никогаш нема да испаднат како што сте ги планирале.

Слично, доколку не го добиете посакуваното унапредување на работа кое сте го исчекувале, прифатете дека тоа е норамален дел од вашиот кариререн развој.

Не можам да контролирам се‘, но можам да го извлечам најдоброто од се‘ што се случува, наведува психологот.

Охрабрете ја несовршеноста

Дозволете работите да се одвиваат на свој природен начин, без присилување на исходот.

Знајте дека никогаш ништо не е совршено, поради тоа дозволете си малку милост.

Зошто би сакал да се мачам да го постигнам невозможното? Одлучувам да бидам флексибилен и љубезен кон себе“, додал психологот.

Бидете свесни

Психологот наведува дека треба да бидеме свесни за нашите мисли и чувствата без осудување.

Посветете внимание на сите мали детали околу себе. „Vu vei“ доаѓа многу полесно кога ќе обратите внимание на она што се случува во сегашната, на пријателски и љубопитен начин.

Лао Це, древниот кинески филозоф и основач на таоизмот, еднаш рекол: „Ако сте депресивни, живеете во минатото. Ако сте загрижени, живеете во иднината. Ако сте во мир, живеете во сегашноста“.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock