- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Црногорските трговци бараат да работат во недела

Црногорските трговци - Работник
119views

Одборот на Здружението за трговијата на Стопанската комора на Црна Гора побарал на трговците да им се овозможи да работат во недела, пренесува Инвеститор.ме. 

Од Стопанската комора на Црна Гора навеле дека трговците побарале од ресорното министерство да се укине членот на Законот за внатрешна трговија кој се однесува на неработната недела. 

Ова го побарале поради зачувување на работните места, зголемување на прометот, економските активности, економскиот раст, санирање на последиците од економската криза и подготовка за туристичката сезона. 

Трговците бараат Уставниот суд да се изјасни за иницијативата за оцека на уставноста на членот од законот кој се однесува на недела како неработен ден која ја поднеле пред повеќе од 18 месеци. 

Доколку не постои подготвеност од страна на државните органи да го укинат тој член, трговците предложиле да се овозможи 26 недели во годината да бидат работни, во текот на летната и зимската туристичка сезона, околу новогодишните празници и распустите. 

Потребно е, велат, да им се овозможи на стопанските субјекти од секторот трговија работа во недела во една смена на ниво на цела година или макар во текот на летната сезона. 

Одборот го усвоил Извештајот за труд и Инфорамцијата за работење на секторот трговија минатата година, во која се наведува дека остварениот промет во трговијата на мало во тековните цени бил 16,8 % помал во однос на 2019 година.

Наведуваат дека секторот трговија бележи значаен пад на бројот на вработени, и дека во 2020 имало 5,000 работници помалку, што е пад од 12,3 % во однос на 2019 година, кога во тој сектор во просек биле вработени 39,834 работници.