МакедонијаПравдаСветот на работникот

Чулев: Кривична пријава против раководството на „Еурокомпозит“ за злоупотреба на службената положба

187views

Кривичната пријава e поднесена против раководството на Еурокомпозит од Прилеп, претпријатие кое е во државна сопственост и истата се однесува кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од страна на директорот Златко Гроароски и неговиот стручен соработник Васил Коцев.

Имено, тие со намера да извлечат пари од сметката на фирмата без консултација со службите во правното лице и одборот на директорот пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната.

Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентира во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала прек приватните е-маил адреса на одговорните лица во претпријатието. “, изјави Чулев.

Извор: ТВ21