Шанса за заработка од 200 евра на час: Оваа работа не бара никаква физичка активност, не одзема време, а парите само капат!
Државниот театар Хесен во Визбаден бара возрасни кои би сакале да застанат голи на сцената со електронска музика. Станува збор за претставата „Хабитат“, а се плаќаат по 200 евра по изведба.
Театарот објави дека проектот „Хабитат“ на кореографката Дорис Ухлих ги пречекува луѓето кои се заинтересирани за движење, дури и без танцово искуство.
– Досега има десет апликации, а се примаат повеќе – рече претставникот.
Според неа, нема фиксна бројка колку луѓе се потребни, колку повеќе – толку подобро.
Како и во претходните дела на Ухлих, фокусот е ставен на работата со голо тело. „Хабитат“ го покажува во својата сила и кршливост. Учесниците ќе го прослават своето единство и различност со електронски звуци и техно песни, стои во поканата за оваа необична работа.
Терминот „екстра“ не е соодветен бидејќи во проектот нема соло изведувачи. Луѓето кои учествуваат се протагонисти во целина, тие се појавуваат како група, објасни претставникот.
Претставите се планирани за крајот на септември. Се плаќа надоместок на трошоци во износ од 200 евра. Од театарот повторија дека нема место за „неверни Томови“ и воајеризам. Постои општа забрана за фотографирање и снимање за приватни цели.

