Шахпаска на Утрински брифинг: Продолжуваме силно да се бориме против насилството и да ги охрабруваме жртвите јасно и гласно да говорат
Министерката Шахпаска посочи дека состојбата се менува, како што се менува и позицијата на жената. Преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот, во јавниот и политичкиот живот, во бизнис секторот.
„Постојат актуелни закони и закони донесни во изминатиот период со кои што сериозно се спротивставуваме во било кој облик на насилство. Особено е важно јасно и гласно да се зборува, преку кампањи кои и на локално ниво, ќе го адресираат насилството како негативна појава и да се даде поддршка на некој кој го имал ова искуство,“истакна министерката .
Министерката истакна дека не е срамно, што некој бил жртва на насилство, туку напротив само преку гласно зборување можеме сите заедно да превенираме во препознавање и заштита од насилство. Во таа насока е изработена и мобилната апликација „Биди безбедна“, во соработка со УНДП, преку која на едноставен и брз начин жртвата може да пријави насилство, побара помош и добие информации.
Како законски решенија кои постојат и досега во борба против насилството Шахпаска ги посочи, Законот за работни односи, каде постои мобинг и сексуално вознемирување, потоа Кривичниот закон, Закон за спречување и заштита од дискриминација, а како најново законско решение Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, закон кој е поддржан од власта и опозицијата.Законско решение кое претставува унифициран систем со дата база на податоци во Министерството з атруд и социјална политика,со податоци од различни институции.
Во однос на пријавени случаи министерката ја посочи бројката од измината година јануари – септември 1168 случаи на насилство , од кои за сексуално насилство имало 4 пријави, 585 физичко насилство, 813 психолошко. Од овие пријавени случаи сторители се 90% мажи.
Министерката посочи дека МТСП како надлежно министерство, организира Центри за жртви, кои се осум на број во држата и каде жртвите можат да бидат згрижени од 3 -12 месеци, прифатилишта за жртви од 24-72 часа, советувалишта каде добиваат психо социјална поддршка од стручни кадри, дообука, едукација, вклучување на пазар на трудот и излезат од средината , да не бидат економски завоиснои како честа причина за враќање кај насилникот.

