Што претставува отказот од лични причини – кога и како може да се даде!?
Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски:
Што претставува отказот од лични причини – кога и како може да се даде!?
Кога зборуваме за отказот воопшто, сметам дека отказот од лични причини е вид на отказ кој најмалку се знае и се разбира. Достоинствената работа подразбира познавање на правата од работен однос. Токму затоа еве неколку информации кои ќе помогнат за подобро разбирање.
Отказот од лични причини е еден од начините на откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот кога постои основана причина за истиот. Тој се дефинира како отказ кој може да се даде на работникот кога не е можно продолжување на работниот однос, ако: работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос.
Пред откажување на договорот за вработување од лична причина на страна на работникот, работодавачот МОРА писмено да го предупреди работникот за неисполнувањето на обврските и можноста за отказ во случај ако работникот не го подобри своето работење.
Притоа на работникот мора да му се обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки од работодавачот во врска со работата и дека работодавачот не е задоволен од начинот на извршување на работните обврски досега. Доколку и по даденото предупредување во рокот утврден од работодавачот кој не може да биде пократок од 15 дена, согласно ЗРО, од денот на приемот на писменото предупредување, работникот не го подобри своето работење, работодавачот може да го врачи отказот. Особено важно е образложението да биде детално и добро правно структуирано!
проф. д-р Лазар Јовевски
*** Овој текст е посветен на Здружението на бизнис жени кое го спроведува проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување “, финансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување.
Association of Business Women – Macedonia
Foundation for Management and Industrial Research
National Platform for Women Entrepreneurship
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025