Светот на работникот

Работодавачот ја отпуштил популарната Тиктокерка поради содржината која ја споделува: Дали е во право? Ја следат милиони луѓе

Креаторката на содржини Шарлот Бландфорд Таг тврди дека добила отказ откако нејзиниот работодавач нејзиното однесување на социјалните мрежи го оценил како „непрофесионално“. Токму нејзиниот случај послужил да се отвори широка расправа за тоа каде завршува приватниот живот на вработениот, а почнуваат очекувањата на работодавачот.

Шарлот на ТикТок ја следат повеќе од 46.000 луѓе. Таа работела како краторка на содржини во мало списание, но на 27 август добила отказ оти не го поминала пробниот рок. Вели дека притоа јасно и’ било кажано што му пречело на работодавачот.

„Во тоа списание работев како креаторка на содржини, а видеа снимам и објавувам веќе речиси четири години“, рекла за Newsweek.

„Отказот го добив бидејќи не го поминав пробниот рок, а како причина наведоа дека сум била ‘непрофесионална на интернет’.“

Шарлот смета дека вакви ситуации ќе има се’ повеќе бидејќи социјалните мрежи на многумина не им се само места за забава, туку и начин за дополнителна заработка.

„Мислам дека ова се случува се’ почесто бидејќи луѓето сакаат, а често и мораат, да заработуваат дополнително. Самохраните мајки се под огромен притисок, кој само се зголемува“, рекла таа.

На својот ТикТок профил отворено зборува за секојдневниот живот, а во описот дури наведува дека „сака премногу да споделува“. Нејзиното најгледано видео, објавено во мај, има повеќе од 1,3 милиони прегледи. Во него зборува за расистички инцидент кој нејзиниот син го доживеал во основното училиште и дека сака да го одгледа со уверување дека сите луѓе заслужуваат еднаков третман.

Сепак, признава дека јавната присутност и претходно и’ создавала одредени проблеми. Како еден од настаните кои му претходеле на отказот наведува ситуација во која лице ангажирано за бесплатна работа во фирмата му се пожалило на нејзината менаџерка. И’ замерила што не одговорила на пораката, додека во исто време објавувала содржина на ТикТок.

„Не мислам дека луѓето треба да се одрекнат од приватниот живот само затоа што имаат работа. Треба да им се дозволи да прават што сакаат вон работното време“, порачала.

„Тоа е забава, заедница и извор на приходи. Во свет во кој постојано имаме увид во туѓите домови и мисли, мислам дека би требало да стане нормално лицето да може да биде една верзија од себе на работа, а друга на интернет“, додала. „Сепак, работев за фирма од мал град со тесни погледи, па ова можеби не требаше да ме изненанди“, додала, пренесува Индекс.

Извор:Telegraf Biznis/Index.hr