МакедонијаНовостиСветот на работникот

Што ќе треба следната Влада да преземе за да го намали недостигот на работници?

   Време за читање 1 минута

Што ќе треба следната Влада да преземе за да го реши проблемот со недостигот на квалификувана работна сила? Прашање кое политичките партии треба да си го поставуваат во текот на кампањата, но и да дадат одговор.

Редакцијата на порталот Работник го отвори ова прашања, барајќи одговор од експертите, конкретно од Универзитетскиот професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Прилеп, Димитар Николоски.

Пред да помине на одговорот на прашањето, Николоски објасни зошто воопшто имаме недостиг на работна сила. Според него, тоа се должи на повеќе фактори.

„Долгогодишната ерозија на човечкиот капитал (особено кај долгорочно невработените и другите ранливи категории), недоволната флексибилност на образовниот систем и иселувањето на квалификуваната работна сила се едни од најголемите фактори кои придонесуваат да имаме недостиг на работна сила“, рече професорот Николоски.

Со цел да се намали недостигот, вели Николоски, потребен е системски пристап во антиципирање на идните потреби за вештини и квалификации.

„Во тој контекст, би можело а се интервенира преку: реформи на образовниот систем (воведување нови профили на стручно образование и/или модернизирање на постоечките, нови студиски програми во високото образование…), примена на соодветни активни мерки за вработување (обуки за побарувани занимања), развој на неформалното образование, стратегиски пристап за вложување во дигитални и зелени вештини итн.“, објасни Николоски.

Според него, примената на овие мерки истовремено би ја зголемиле и продуктивноста на работниците како предуслов за повисоки плати.  

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *