- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Јавниот сектор потребно е да ги подмири долговите кон приватниот сектор, за да тој ја одржи ликвидноста

Јавниот сектор потребно - Работник
246views

Во документот изработен од Стопанската комора на Македонија – „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“, од комората предложуваат мерки за постковид периодот.

За нив од особена важност е ликвидноста на бизнис секторот, па поради тоа тие предлагаат неколку мерки коишто треба да се реализираат за да компаниите бида ликвидни.

Како прав мерка, според нив, е воведувањето на ефикасен механизам за наплата на побарувањата што ги има приватниот од јавниот сектор.

Во документот се вели дека овој механизам би се однесувал на кој било сегмент од јавниот сектор, вклучувајќи ги и локалните власти и јавните претпријатија.

„Можни се разни модалитети, како што е задолжницата која би важела и за јавниот сектор, воведување фискален сертификат или други иновативни решенија“, се посочува во документот.

Се подлвекува дека навремената и целосна наплата на побарувањата од јавниот сектор ќе му овозможат на приватниот сектор олесенето и ефикасно планирање на готовинскиот тек, управување со сопствената ликвидност и планирање на инвестивциската активност. 

Според докумнетот, елемент што го олеснува изнаоѓањето на долгорочно решение за поблемот на ненавременото или нецелосното подмирување од страна на јавниот сектор е постоењето на јавно достапен регистар на сите доспеани, а неплатени обврски од страна на јавниот сектор. 

„Ваквиот регистар обезбедува јавно достапна централизирана евиденција на сите доспеани неплатени обврски на буџетските корисници и на единките корисници, како и на вонбуџетските фондови, на општините и на јавните претпријатија кон приватниот сектор“, се вели во документот на Стопанската комора на Македонија.

Се вели дека на овој начин, јавноста и медиумите ќе имаат увид во големината на долгот на јавниот кон приватниот сектор и ќе сфатат зошто Законот за финансиска дисциплина не се однесува на институциите како должници. Неопходно е долгорочно одржливо решение затоа што се работи за проблем што е сериозна пречка за развојот на приватниот сектор, бидејќи му ја влошува неговата ликвидност и му ја зголемува неизвесноста во работењето. 

Друга мерка којашто е наведена во документот е правењето на измена на член 2018 од Законот за извршување што го кочи процесот на наплата.

Се истакнува дека има ситуации и кога добиен судски пресуди немаат можност за извршување. Иако дел од општините и јавните компании имаат милионски долгови, нивните сметки не се блокирани за да се овозможи општините да го имаат минималниот износ на финансиски средства потребен за тековните работи. 

„Оваа состојба ги става државните гиганти во прилично комотна позиција таложејќи си нови, а невраќајќи ги старите долгови. Во вакви услови бизнисот тешко опстојува, а уште потешко си ги наплаќа долговите од државните институции и од општините“, се вели во документот.

Во него се порачува дека треба да се преземат итни мерки и корекции во законската регулатива за да се подобри ликвидноста на компаниите и навреме да се извршуваат плаќањата. Истовремено, според документот, многу е важно да се истакне дека никому не му е од корист да се наруши ликвидноста на општините, напротив, но потребно е да престанат решенијата со кои минималниот износ на финансиските средства потребен за тековно работење на општините стаува минимален износ. 

Бобан Илијевски