Јапонија го отвори Светскиот Експо 2025 во Осака: посетителите ќе видат 50 реални андроиди, заедно со десетици роботи и аватари
Јапонија денес ја отвори овогодишната светска изложба „Експо 2025“ во Осака, со присуство на јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако, пренесе ДПА.
За пошироката јавност, вратите на „Експо 2025“ ќе бидат отворени утре. На свеченото отворање, кое беше емитувано во живо на телевизија, присуствуваа и принцот и принцезата, како и премиерот Шигеру Ишиба.
Изложбата „Експо 2025“, сместена на вештачкиот остров Јумешима, е опкружена со Голем прстен, дрвена структура со должина од два километри и висина до 20 метри, за која организаторите тврдат дека е најголема во светот, пренесува ДПА.
Импозантната конструкција има за цел да го симболизира сеопфатниот концепт на Експо – “различност и единство”.
Во текот на шест месеци, до 13 октомври, повеќе од 160 држави, региони и меѓународни организации ќе ги прикажат своите идеи во своите павилјони на централната тема “Дизајнирање на идното општество за нашите животи”.
Иако организаторите предвидуваат 28 милиони посетители, анализите покажуваат дека интересот кај јапонското население досега е значително помал од очекуваниот.
Осака беше домаќин на Експо последен пат во 1970 година, кога имаше повеќе од 64 милиони посетители.
Во тематскиот павиљон “Иднината на животот”, креиран од познатиот јапонски експерт за роботика, Хироши Ишигуро, се претставува една поинаква визија за иднината. Внатре, посетителите ќе видат 50 реални андроиди, заедно со десетици роботи и аватари, кои даваат поглед во иднина каде што луѓето и машините коегзистираат.
Изложбата истражува како овие андроиди би можеле непречено да се интегрираат во општеството за само 50 години и сугерира дека за 1,000 години практично да нема разлика меѓу човекот и роботот.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025