МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Јовановски: Награда треба да има и за вработените во затворите

Јовановски: Награда - Работник
550views

Вработените на затворите кои не искористиле мерки на Владата, треба да добијат награда за својата пожртвуваност во борбата со корона вирусот, смета Претседателот на Синдикатот на Затворите, Стојче Јовановски.

Министерката за финансии на денешната  прес – конференција соопшти дека нема да биде прифатена предлог уредбата на Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за еднократна награда за вработените во МВР во износ од 15,000 денари.

Јовановски смета дека вработените во МВР треба да добијат парична награда поради својот голем и важен удел во борбата со пандемијата, но смета и дека треба парични награди да добијат и вработените во затворите, како и судската полиција.

„Припадниците на МВР дадоа голем придонес во претходниот период и за тоа сметам дека треба да бидат наградени. Но, според мене, треба да се даде парична награда и на вработените во затворите коишто исто така имаа искуство со корона вирусот, па со тоа и тие се изложени на ризик од ова заболување. И судската полиција на свој начин даде придонес, па треба и за нив да има парична награда“, вели Јовановски ексклузивно за порталот Работник.

Тој истакна дека е одличен потег тоа што здравствените работници ќе бидат наградени со 20 % на плата за два месеци, за својот труд и својата пожртвуваност, но напомена дека не само тие ја имаат клучната улога во борбата со пандемијата.  Посочи дека затворите се места каде што многу лесно може да се рашири вирусот, па поради поголемата сложеност на работата на вработените во затворите, треба да има соодветна парична награда. Додаде дека парична награда треба да добијат само оние коишто немаат искористено ниедна мерка од страна на Владата.

Бобан Илијевски