Занимливости

Актер лажирал филмски договори, па бил осуден на 20 години затвор

Актерот Закари Хоровиц, попознат како Зак Ејвери, кој признал дека измислувал HBO и Netflix филмски проекти во рамките на т.н. „Понзи шема“ вредна 650 милиони долари е осуден на 20 години затвор.

Обвинителите тврдат дека таа работа (Понзи шемата) е најголема во историјата на Холивуд.

Американскиот окружен судија Марк Ц. Скарси му наложил да исплати 230 милиони долари на име реституција на повеќе од 250 жртви, вклучувајќи и некои кои се финансиски уништени во, како што обвинителите го нарекле, криминалот од „неверојатни размери“, пишува Yahoo.

Актерот признал дека направил грешка и дека жали поради тоа

Хоровиц му рекол на окружниот судија дека донел „погршени, грозни одлуки“ додека се обидувал да влезе во филсмкиот бизнис и дека му е жал за огромните штети кои ги направил.

Неговите адвокати му рекле на судијата дека нивниот клиент „не е психички добро“ и дека не би требало да го пропушти растењето на своите двајца мали синови.

Судијата навел дека ни Хоровиц, а ни неговите адвокати не понудиле никакво објаснување за огромните трошоци кои ги откриле федералните истражувачи.

Колкава штета направил актерот Хоровиц?

Околу 706,000 долари биле потрошени за уредување на ентериер, 605,000 долари за автомобилите Мерцедес Бенз и Ауди, 345,000 долари за патувања со приватен авиони и јахти, 174,000 долари за консултантски услуги во Лос Анџелес, 136,000 долари за казина во Лас Вегас…

Хоровиц се изјаснил за виновен за измамата во октомври. Признал дека кривотворел договори за дистрибуција на филмови на HBO и Netflix, за да ги измами инвестоторите со цел да му дадат 650 милиони долари.

Обвинителите велат дека со тие пари го покрил својот луксузен живот и купил вила во Беверливуд за 5,7 милиони долари со просторија за проекции и вински подрум.

Што се случило со остаткот, не е познато.

Неговите адвокати сметаат дека штетата е преценета

Иако добил налог за враќање на парите, обвинителите сметаат дека „шансите се рамни на нула“ дека Хоровиц ќе врати повеќе од малиот дел од оваа вртоглава сума.

Адвокатите на Хоровиц сугерирале дека штетата е преценета. Предложиле актерот да врати само 60 милиони долари во име на реституција.

Тие го повикале судијата да ги земе во предвид неодредените психолошки проблеми кои датираат од детството на Хоровиц.

Извор: Bizlife

Фото: Screenshot