Апасиев: Разбирам блокада поради јавен интерес или политички барања, но блокада заради приватен долг – не баш
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев се огласи по повод блокадите на приватните превозници во Скопје.
– Јас разбирам блокада на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) – е тоа не го контам баш!? И сега МВР – Сообраќајна полиција… Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје, пишува Апасиев.

