Битиќи:: Ниту еден граѓанин нема да плаќа повисока камата од долгот
Вицепремиерот Фатмир Битиќи појасни дека со предлог-измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, отсега, па натаму, ниту еден наш сограѓанин нема повеќе да биде доведен во ситуација да плаќа договорна или казнена камата за свои доспеани долгови која ќе биде во износ поголем од главнината на вкупниот износ на долгот.
Со новите законски измени, договорната или казнената камата може да биде засметувана сè до моментот додека го достигне износот на главнината на долгот.
Тој дополни дека нема да се плаќаат долгови што се со период на доспевање подолг од пет години, со што се скратува рокот, кој во претходното законско решение беше дефиниран на период од 10 години.
– Со ова, нудиме заштита и правичност за граѓаните, а ќе се скрати и самоволието на компании и поединци, кои со години наназад правеа екстра-приход и профит на грбот на обичниот граѓанин – напиша вицепремиерот Битиќи на Фејсбук.

