ЕкономијаМакедонијаНовости

Бочварски задоволен од реализираните над 15 проценти на капиталните инвестиции во првиот квартал

   Време за читање 1 минута

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека е задоволен од остварувањето на над 15 проценти од капиталните инвестиции во првите три месеци од годинава.

-Што значи продолжуваме и во вториот квартал со работа. Сите заеднички ќе се бориме, ова е наша заедничка битка, не само на здравствениот систем, туку и на сите економски ресори во Владата, истакна Бочварски.

Посочи дека минатата година во ковид криза Владата покажа дека знае да се бори проблемите, не само од здравствен туку и од економски аспект, а токму лани Владата имаше реализација на 80 проценти од капиталните инвестивции, а исто така и Министерството за транспорт и врски.

-Тоа е висок процент, во време на ковид пандемија, кога ударот е огремен врз економијата. Јас навистина сум задоволен од тој ефект, што градежништвото го издржа ударот, градежништото што е сектор под кој се наоѓа и транспорт и врски и навистина го преброди целиот овој период и тоа е добро. Тоа значи дека ние проектите ги движиме, тоа се големите инфарструктурни проекти, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања, откако се вакцинираше против Ковид-19 во Штип.