Бошков за УБ: Потребен е постојан дијалог со Владата – купувањето на социјален мир не е само низ пари
Миле Бошков, претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија смета дека во моментов трипартитниот социјален дијалог е на многу ниско ниво и од бизнис заедницата сведен само на аплаудирање на владините мерки и проекти.
-Како дел од бизнис заедницата најзастапени сме со аплаудирање, ова го кажувам во сатиричен контекст, но дијалогот во овој момент кога политичарите се занимаваат самите со себе е на ниско ниво – односно тоа е театар на социјален дијалог за социо-економски прашања, изјави во Утрински брифинг Миле Бошков – Бизнис конфедерација.
-Јавноста мора да знае дека бизнисот е застапуван од Стопански комори и Здруженија на работодавачи. Кога државата вели дека има прекрасен дијалог со дел од бизнис заедницата, тоа е точно, но ефектите и очекувањата кои ги имаме се мали. Сметаме дека дијалогот треба да биде постојан. Сосотојбите се менуваат и треба да бидеме во постојана комуникација, додаде Бошков, нагласувајќи дека и работниците се незадоволни и најавуваат протест за 12 декември.
Повеќе на Слободен Печат

