Петковски: Ковид-19 да се признае како професионално заболување
Македонското здружение за заштита при работа и по година од барањето ковид 19 да биде признаено како професионално заболување не добиле одговор од институциите. Заради тоа минатиот месец поднесовме иницијатива до Уставниот суд, рече м-р Милан Петковски, Претседател на МЗЗПР, во интервју за Радио Слободна Европа.
На прашањето на РСЕ, дали на работниците им е обезбедена соодветна заштита со цел спречување на ширење на вирусот на работното место, Петковски рече дека од почетокот велевме послушајте го Законот за безбедност и здравје при работа и ажурирајте ја проценката на ризик. Ни зборуваа, па не знаеме како. Изработивме методологија на проценка на ризик Ни велеа не треба. Изработивме посебен ковид калукулатор, нешто што го нема и ќе можеме директно да се пофалиме дека сме го направиле со помош на колегите од Британија. Никој не реагира по однос на тоа. Го понудивме тој ковид калкултаор да биде основа за правење на приторитетни листи за кој да се вакцинира во земјава за да не се прават вакви мешаници, каде што преку ковид калкулаторот ќе можеше да се направи јасна динстикција кои се приоритетните групи и луѓе кои треба да се вакцинираат. Самиот ковид калкулатор е на некој начин иновативно решение кое ги зима претходните коморбитети на вработениот. Кога сето тоа го нудевме и на министерството и на Владата едноставно не добивме повратна инфрмација. Ние побаравме за секој вработен кој ќе се зарази на работното место да биде признато дека е повреден на работното место затоа што самиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување му го овозможува, бидејќи членот 39 став 3 вели и во случај на виша сила. Ако пандемијата не е виша сила тогаш не знам што е. Значи треба да се пријави како повреда на работа заради тоа што работникот ќе може да си оствари 100 посто надоместок на работа, ако е на боледување ќе земе 70 отсто. Не го правевме сединствено амо заради надоместокот, туку за поголема потреба на македонскиот работник. Тоа е ако пресметаме дека тогаш се заразил и настанала несреќата на работа, ние после одредено време ќе можеме ако се развие друго заболување кое таргетира други органи на пример ако некој работи како инсталатер на радио опрема и потребни му се белите дробови, а самиот ковид директно ги напаѓа белите дробови тогаш возможно е да му го намали капацитетот. Тој човек повеќе не може да работи на тоа работно место. На тој човек треба и тоа го предвидува заштитата при работа, да му се процени неговата преостаната работна способност и да се следи всушност дали понатаму ќе има комликации.
На прашањето на РСЕ дали и синдикатите се согласуваат со барањето на МЗЗПР, Петковски одговори: Тие се согласуваат со нас, бидејќи направивме година дена од нашето барање. Синдикатите ја разбираат потребата. Сфаќаат зошто го правиме тоа ги викавме на работилници и разговаравме. Самите ја покренувавме оваа иницијатива на крајот и синдикатите да ја поддржат. Ние кога зборувавме за ова го немавме предвид социјалниот дел, не го имавме делот на компензации и бенефити што претставува дел од трудовото право. Целта пред се беше заштитата при работа и сакавме да ставиме контрола на самото ширење на инфекцијата на работното место. Како го препорачуваме тоа, преку имплементација на заштитната пирамида. Тоа значи елиминирај, имплементирај организациони мерки и на крај победи она што кај нас е свето тројство, а тоа е давај маски, држи дистанца и дезифинцирај. Тоа е последната мерка, но кога сме во ситуација кога премногу зависиме од политичарите кои премногу не ја познаваат проблематиката доаѓаме и после година дена кога испративме до министерството дека ковид 19 да биде признаено како професионално заболување да и ден денеска не ни одговорат. Заради тоа минатиот месец поднесовме иницијатива до Уставниот суд за истото ова буквално да биде признаено за сите вработени како несреќа на работно место.
Целосното интервју прочитајте го на РСЕ

