ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Британските железничари го прекинаа штрајкот

По повеќемесечниот спор околу зголемувањето на платите и честите штрајкови, синдикатот на работниците во железницата, поморството и патиштата на Велика Британија (РМТ) објави крај на штрајкот во Нетворк Реил.

Потврдата за прекин на штрајкот на најголемиот дел од железничката инфраструктура во Велика Британија уследи по нова понуда од работодавачите, пренесува Ројтерс. Здравството, образованието и јавниот сектор продолжуваат со штрајкот.

„Националниот извршен комитет на РMT одлучи да ги прекине сите штрајкови на работниците на Нетворк Реил по нова понуда од работодавците“, објави синдикатот.

Крај на штрајкот на најголемиот британски синдикат на железничари беше објавен во екот на прекинот на работата на вработените во здравството, образованието и јавниот сектор во Велика Британија, пренесува Танјуг.

Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA