Дали е ова најреалниот приказ за тоа како се одвива состанок во една фирма?
Деловниот состанок често умее да биде стресен за вработените и да им одземе доста време, особено ако нема строго дефинирана агенда. Некои поединци мислат дека некогаш е подобро се‘ да се напише во еден мејл, додека некои надредени сметаат оти организирањето на состаноци ја зголемува ефикасноста. А во случај да го закажат за крај на работното време, потешко ќе им падне на членовите на тимот.
Компанијата PepsiCo прикажала како изгледа еден состанок, од агол на вработените, со цел да ги едуцираат нивните тимови за техниките и алатките за поефикасни состаноци во склоп на проектот за поедноставување, „Radical Simplification“. Според нивните зборови, сето тоа може да биде поедноставно.
Состанок и чекање
На нивниот состанок во фокус е еден вработен кој чека да дојдат сите колеги, преку ЗУМ се приклучуваат тие што не се присутни, и за тоа време размислува за самата организација.
„Да се закаже за 15:30 пред крајот на работното време“, негодува тој.
Потоа, една колешка влегува со парче пица од која капе кечап на подот, другиот колега е заспан, третиот со мислите е на годишен одмор. Четвртиот ни сам не знае зошто е тука.
„За агендата можеме само да сонуваме, никој жив не го интересира. Првиот дел од состанокот е дневен претрес – политички теми, во другата половина оној кој треба нема да може да дојде до збор“, размислува во себе.
Проблеми со техника
Тука е и проблемот со техниката, која или сецка или не работи. Поради сите околности и долгото чекање сите да се вклучат, тој губи волја да работи било што.
„Состанок на кој ќе се состаночи за наредниот состанок. Колку луѓе се на овој состанок, фали уште мојот вујко. Него не го ставија во CC“, вели тој.
На крајот заклучува дека не го сака повеќе ова, како и дека сака да побегне од овој Матрикс. Но како?
„Да се сокријам од доставувачот кога утре ќе дојде да донесе храна во фирмата. Преголем сум, а сепак сум толку мал. Мислам дека полудувам, сите ги држат телефоните во раце. Ако сега започнам да врескам, ќе ме снимаат и ќе ме прикачат на LinkedIn. Ќе добијам отказ и никогаш нема да бидам пензионер“, објаснува тој.
Неговите мисли ги прекинува колешката која го прашува дали слуша.
„Апсолутно се согласувам со колегата по тоа прашање“, вели тој.
„Кое прашање? Само кажав дека состанокот е презакажан за утре“, додава таа.
Откако го слуша тоа, му олеснува.
Извор: BIZLife
Фото: Screenshot Linkedin PepsiCo Zapadni Balkan

