СветСветот на работникот

Водоинсталатер добил отказ штом го предал боледувањето – фирмата го одјавила како никогаш да не работел

Случајот на млад водоинсталатер од округот Мистелбах во Австрија предизвикал големо внимание во јавноста отатко добил вонреден отказ само два дена откако пријавил боледување.

Според информациите кои ги пренесува австрискиот портал Heute, работникот уредно го доставил лекарското уверение за да го оправда отсуството од работа. Сепак, набрзо после тоа работодавачот го контактирал и побарал да ја врати работната облека. Недолго потоа, следел дополнителен чекор – фирмата ретроактивно го одјавила, започнувајќи од денот кога започнало боледувањето.

Отказ без предупредување и без доказ

Работодавачот како причина навел „пропусти во работата“, но не доставил никакви конкретни докази ниту на работникот му издал опомена.

Таквиот потег предизвикал сериозни последици по работникот, како финансиски, така и емотивни.

Според австриските прописи, вонредниот отказ (fristlos отказ) може да се даде само ако постои особено сериозна причина која го оневозможува продолжувањето на работниот однос. Тоа вклучува тешки повреди на работната дисциплина, како што се:

  • Кражба
  • Злоставување
  • Сериозно загрозување на безбедноста
  • Тешки дисциплински прекршоци

Боледувањето со уредно лекарско уверение не претставува оправдана причина за отказ.

Вклучување на Работничката комора

Во случајот се вклучила Работничката комора на Долна Австрија (Arbeiterkammer), откако после направена правна анализа заклучила дека отказот е незаконски.

Низ правна постапка, Работничката комора успеала да обезбеди отштета за работникот во износ поголем од 9,200 евра.

Таа сума ги покрива заостантите плати, надоместоци и другите права од договорот за вработување.

Претставниците на Работничката комора нагласиле дека е важно работниците во слични ситуации да побараат правна помош и да ги заштитат своите права.

Слични случаи

Сличен случај е забележан и во Минхен, каде студент по право добил незаконски отказ откако планирал да основа работнички совет во еден ресторан. Судот му досудил отштета од 100,000 евра и му наложил на работодавачот писмено да му се извини.

Што вели законот за вонредениот отказ?

Вонредениот (fristlos) отказ во Австрија е дозволен само во исклучителни случаи кога постои сериозна причина која го прави продолжувањето на работниот однос невозможно.

Исто така:

  • Отказот мора да биде врачен најдоцна две недели по дознавањето за причината
  • Работникот има право да го оспори во рок од три недели

Овој случај повторно ги отворил прашањата за заштита на работничките права и границите на овластувања на работодавачите во Австрија и пошироко во Европа.

Извор: Bizportal.rs