ПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) И дошло преку глава, па дала отказ преку разглас – наброила се што и пречело во изминатите 5 години

Продавачката во секторот електроника во светскиот познат трговски ланец Волмарт, Бет МекГрат, минатата недела одлучила да даде отказ по пет години работа, бидејќи не сакала повеќе да ги трпи лошите услови, пренесува порталот Bizlife. 

Судејќи според тоа што отказот го дала преку разглас и наброила се што мрази во својата работа, за да ја слушнат и купувачите и надредените, може да се рече дека навистина и „дошло преку глава“. 

„Внимание, купувачи во Волмарт, јас сум Бет од електроника. Работам во Волмарт речиси пет години и можам да речам дека овде сите работат премногу, а премалку се платени. Шефовите и купувачите секој ден се однесуваат лошо со нас. Кога и да имаме проблем со тоа, велат дека лесно можат да не заменат. Доста ми е сите да ме прават луда. Оваа компанија своите постари вработени ги третира како г***а“, рекла Бет, па еден од шефовите го нарекла „манијак“, а двајца други ги прозвала поради нивниот лош однос кон вработените. 

„Засрамете се за начинот на кој ги третирате вработените. Се надевам дека така не разговарате со членовите на своето семејство“, рекла МекГрат и дала поддршка на своите колеги. 

Таа на Фејсбук објавила снимка од давањето на отказот и побарала пофалби и поддршка.