ВИДЕО| КСС бара да се прифати амандаманот за финансиска поддршка на работниците од приватниот сектор
Видео и текст: Бобан Илијевски
Преку амандамнот којшто го поднесовме преку ВМРО – ДПМНЕ бараме не само работниците од јавниот сектор да добијат поголема плата, туку и работнците од приватниот сектор да добијат финансиска поддршка, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.
Овој амандаман го поднеле поради тоа што, како што рече, кога се носела минималната плата, слушнале дека ќе се покачат скалесто платите на сите работници, но очигледно тоа покачување од Влада до Собрание се изгубило, а работниците останале со кратки ракави.
Тој нагласи дека претходно оваа година КСС испраќал писма до пратениците за почитување на Законот за минималната плата и додаде дека им даваат огромна поддршка на ССМ во нивната синдикална борба.
Посочи дека од причина што имаме огромна инфалција, сите работници во приватниот сектор треба да добијат финансиска поддршка. Нивниот предлог којшто е во вид на амандаман содржи две барања. Прво, на работниците кои земаат плата од 18,000 до 21,000 денари да им се даде финансиски надоместок од 3,000 за три месеци и на оние коишто земаат плата од 21,000 до 24,000 да им се даде финансиски надоместок три месеци по 2,000 денари.
Нагласи дека овој амандаман бил испратен до сите работници во Собрание, но единствено ВМРО – ДПМНЕ го поддржал.

