МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) (ФОТО) КСС: Итно формирање на солидарен фонд со кој ќе се обештетат работниците кои останаа без работа!

Бобан Илијевски

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС под паролата „Да живее 1-ви Мај! – Правда за работникот!“, денеска излезе со Првомајскиот проглас по повод 1 – ви Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Првиот човек на КСС Благоја Ралповски ги истакна барањата на синдикатот кон Владата, за унапредување на работничките права во Македонија:

  • Итно да се утврди репрезентативноста на најголемата синдикална организација на национално ниво во јавниот сектор, а тоа е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија;
  • Усогласување на платите по вертикала во согласност со покачувањето на минималната плата, од причина што во овој момент имаме порамнување на повеќе работни позиции, со различен степен на сложеност на работните места, со непочитување на Законот за минимална плата во целост, а тоа е членот 2 и членот 8 каде што можеме слободно да кажеме дека на 300 до 400 илјади работници природно не им се зголемија платите;
  • Исплата на “К-15“, односно регрес за годишен одмор за сите работници и во приватниот и во јавниот сектор. КСС исто така бара да се исплати регрес за годишен одмор за сите оние работници на кои ова право им е регулирано со колективен договор. КСС бара да се исплати “К-15“ на административните работници, согласно колективниот договор за 2020 година;
  • Да престане прогонот врз синдикалните лидери и политичкиот притисок врз синдикалното организирање.
  • Итно формирање на солидарен фонд со кој ќе се обесштетат сите работници кои го изгубија своето работно место по било кој основ за време на пандемија за да можат да ги сервисираат своите семејни трошоци.
  • Безусловно почитување на Уставот, законите и колективните договори.
  • Да престане политичкиот притисок врз институциите кои ги спроведуваат или ги контролираат законите од областа на трудовото право и тоа врз:

-Министерствата

– Правосудството

 – Инспекторатите

– Судовите во делот на трудовото право

  • Исплата на 100% плата за сите оние кои се заразени со Ковид-19 на работно место или се во самоизолација.

Ралповски порача дека доколку не се исполнат овие барања, КСС ќе организира повторно протести.