(Видео) Шахпаска: Неработната недела ќе ги врати семејните вредности, профитот на маркетите не е загрозен
Навиките за пазарување треба да се променат и неважно е дали некој ќе пазарува во сабота или некој друг ден и неработната недела нема да ги загрози работните места, тврди Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска околу Законот што треба да ја гарантира неработната недела.
Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска во интервјуто за „Макфакс“.
Видео: Макфакс
