Во април 2,648 лица засновале работен однос, велат податоците од Агенцијата за вработување
Бобан Илијевски
Бројот на невработени лица во април, во однос на март бележи намалување, односно бројот на невработени во март изнесувал 145,327, додека во април 144,390, што значи дека има намалување на невработеноста на над 930 лица или 0,64 %.
Прегледот на Агенцијата за вработување за прилив и одлив на невработени лица од 1 до 30 април покажува дека 4,507 лица се стекнале со статус невработени во дадениот период; 578 за прв пат се пријавиле во евиденцијата на невработени; 2,516 лица влегле во листата на невработени поради престанување на нивниот работен однос; 916 се симнати од евиденција од сите законски основи; 497 лица се префрлиле од евиденцијата на други лица кои бараат работа; 5,444 лица престанале да се водат во евиденцијата на невработени; 2,648 засновале работен однос; 2165 се симнати од евиденција по законски основ и 631 преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа.

Според податоците на Агенцијата, во март во евиденцијата на други лица кои бараат работа, биле евидентирани 58334, додека во април 57,522. За појаснување, други лица кои бараат работа се всушност пасивни баратели на работа кои се евидентираат во центарот за вработување на секои шест месеци. Што значи дека според горенаведените податоци, 497 лица од пасивни преминале во активни баратели на работа, а 631 од активни преминале во пасивни баратели на работа.
Фото: Freepik

