Во Штип се врши масовно тестирање на текстилните работници
Во тек е масовното тестирање на работниците од текстилната конфекција, но и на оние кои се превезувале во истите автобуси од други конфекции до своите работни места. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Штип денеска земаат брисеви на околу 35 работници и нивни контакти, а тестирањето ќе продолжи и утре.
Тестирањето се врши на пунктот, но и по домовите кои се опфатени со тестирањето. Резултатите, кои ќе се добијат ќе ги дададат и насоките на надлежните, какви мерки дополнително ќе се преземат.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за МИА вели дека до денеска бројот на лица кои се во изолација е 170 граѓани. Тој останува на ставот, а и разговарал со надлежните во Министерството за здравство дека во моментов за Штип нема потреба од дополнителни поригозрни мерки, како што е карантинот. Смета дека граѓаните се свесни за состојбата, а епидемиолозите ќе го затворат ширењето на вирусот од овој кластер.
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти, кои се со средна клиничка слика и се во стабилна состојба. Капацитетот на Инфективното одделение е за 33 пациенти.
Извор: Сител
- Ампева: Кој ќе ги покрие дневниците на работниците од приватниот сектор? - 17/04/2024
- Негодување поради доцнењето на платите: Заменик министерот го критикува менаџментот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Трипуновски бара оставка од директорот и владина интеревенција - 17/04/2024
- Вработените во Македонски шуми го блокираа сообраќајот во Скопје, бараат неисплатени плати: Закани за радикализација на протестите – 1800 луѓе се наоѓаат во неизвесност - 17/04/2024