Во 2022, секој четврти работник имал романтична врска со колега/колешка
Емотивната врска со колега/колешка од иста фирма може да биде „меч со две острици“, особено ако истата заврши неславно. Сепак, актуелните истражувања ни носат нови, охрабрувачки резултати.
И покрај деликатните и потенцијално тешките последици од љубовта на работното место, таквите романси станале вообичаени во 20 век кога започнало масовното вработување на жените, односно нивното излегување од „улогата на домаќинки“.
Од друга страна, и самите работни места станувале значаен дел од животот и идентитетот на луѓето.
Според анкетата која тогаш ја цитирале истражувачите од Универзитетот во Северен Колорадо, дури секој четврти американски работник бил во некој вид на романса на работа, се до средината на 1990-тите.
Лос Анџелес Тајмс во 1995 година, романсите на работа ги нарекол „факт на компанискиот живот“, напоменувајќи дека „AT&T“ имал повеќе од 8,000 брачни парови меѓу 250,000 вработени во САД.
Притоа, секако дека не сите романси/врски биле бракови.
Канцелариите станале „опасна зона“ и за афери, односно прељуби, при што бројката на луѓе кои ги изневерувале партнерите со колегите од работа во текот на 90-тите години пораснала за дури 50 % меѓу жените.
Ситуацијата не е многу различна ни во Велика Британија. Истражувањето од 2022 година покажало дека секој четврти вработен имал „романтична средба“ со колега/колешка.
Притоа, истражувањата покажуваат дека наоѓањето на љубов на работа може да го подобри моралот и да ја зголеми продуктивноста, но, има и доста лоши примери на такви односи.
Ако такви ситуации се случат, секако препораката е вработените да го известат менаџментот. Блумберг наведува изјави од неколку експерти за управување со кариера кои сметаат дека не е чудно да дојде до такви односи во организации со многу работници.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

