МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Вработените во детските градинки, образование и наука не се запознаени со правата од безбедност и здравје при работа, вели Неделков

Бобан Илијевски

Денеска ја одржавме оваа завршна конференција, со цел да ги презентираме резултатите од двегодишното истражување за вработените во детските градинки, основното и средното образование, во однос на познавањето на нивните права од безбедност и здравје при работа, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за порталот Работник.

Неделков посочи дека на конференцијата присуствувале и меѓународни гости кои дале свои придонес преку нивните искуства за тоа како во државите од каде што доаѓаат се почитуваат мерките за БЗР.

Преку овој проект, посочи Неделков, синдикатот има точни показатели за тоа што недостасува во рамките на безбедноста и здравјето.

Според него, анкетата којашто СОНК ја спровел во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, покажува дека многу малку се почитува Законот за безбедност и здравје при работа, но и многу малку од вработените во овие дејности ги знаат своите права, па поради тоа не ни ги бараат.

Конференцијата беше на тема: „Безбедност и здравје при работа во дејностите образование и наука“.

Конференција: Колку се безбедни вработените во образование и наука?

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk