ВРАБОТЕНИ ВО УЈП, СМЕТКОВОДИТЕЛКА И БИЗНИСМЕНИ МЕЃУ ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПРОНЕВЕРА – Успеале да приграбат над 800 илјади евра
По повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.
Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.
Повеќе на Фактор

