ЕкономијаСветот на работникот

ГИГ ЕКОНОМИЈАТА нуди голем број работни места, но истите не се сигурни

Бобан Илијевски

Гиг економија (анг. Gig economy) – поим кој кога ќе го слушнете за првпат е сосема неразбирлив. Според порталот metro.co.uk, гиг економијата може да се дефинира како:

Економија каде што организациите повеќе се потпираат на фриленсери и независни соработници, со кои имаат договори на краток временски рок, за разлика од постојано вработените. Во овој контекст, зборот „gig“ се однесува наеднократна работа која некој е платен да ја заврши‘. Исто така, тука вообичаени се привремените работни позиции

Biznisinfo.mk, пак пишува дека поимот „гиг економија“ е релативно нов и тој датира од 2009 година, кога економската криза го достигнала својот врв, а невработеноста била рекордно висока. На македонски gig се преведува како „тезга“.

Понатаму, во текстот стои дека таа ги опфаќа сите компании кои за одредени активности, вработуваат независни експерти или фриленсери на краток временски период. Таквиот начин на вработување, како што пишува порталот, добива поголема популарност, поради тоа што работната сила станува помобилна, работата може да се заврши од било кое место, а вработените може да бираат привремено вработување или ангажирање на проекти ширум светот. 

Податоците покажуваат дека уделот на луѓе кои работат на “алтернативни“ работни места се намалува, наместо да расте. Некои истражувања велат дека над 30% од Американците работат како фриленсери и со тоа формираат силна gig економија“, стои во текстот на порталот. 

Дигиталните платформи движечка сила на гиг економијата

Дигиталните платформи, како Uber и Lyft, Airbnb, но и други, се едни од најголемите двигатели на гиг економијата. Всушност, овие дигитални платфроми се повеќе ја засилуваат гиг економијата, а и расте бројот на луѓе во светот којшто се повеќе започнуваат да работат за нив. 

Голем проблем е тоа што работните места во овие дигитални платформи се се сигурни и не нудат бенефиции, како што има на регуларните работни места. Поради ова, се‘ поголем број на држави во Европа, преку носење на законски решенија, им наложуваат на дигиталните платформи да ги вработат независните соработници и хонорарците. Убер, на ова реагираше остро и најави дека ќе се повлече од тие држави каде што ќе се донесат такви закони. Реакцијата на Убер пак, предизвика револот кај оние коишто работат за дигиталната платформа, со оглед на тоа дека неговото заминување значи дека ќе останат без работа. 

Неодамна во Хрватска, независните работници на Убер влегоа во штрајк за да ѝ пренесат порака на платформата дека нема да толерираат доцнење на исплатата на нивните пари. Исто така, во Хрватска се подготвува нов Закон за работни односи, во кои ќе им се наложи на дигиталните платформи да ги вработат ангажираните работници.