Глобалните синдикати им дадоа поддршка на платформските работници за нивните работнички права
Меѓународната трудова конференција (МТК) на 13 јуни одлучи да развие обврзувачки меѓународни стандарди кои ќе им овозможат пристојни работнички права на платформските (гиг) работници. Одлуката претставува значајна победа за синдикатите по силната и ефективна кампања предводена од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати.
Работниците на платформи ги вклучуваат лицата вработени во превоз преку апликации, достава на малопродажни производи (вклучително и логистика), домашна и грижа за други лица, преведувачи, како и модератори на содржини во медиумската и издавачката индустрија. Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), платформската економија вработува околу 150 милиони работници ширум светот. Многумина од нив работат во прекаријатски работни услови со мала или никаква заштита, како договор за вработување, платен одмор, боледување, социјално осигурување и право на приклучување на синдикат.
МТК заедно со владите, работодавачите и синдикатите, се согласиле да направат рамка со која сите страни се обврзуваат да изработат Конвенција или Препорака, кои ќе станат дел од светските работнички стандарди.
Рамката ќе им овозможи на работниците и пристап до алгоритамско менаџирање на информациите и право да се организираат и да формираат синдикати, како и колективно да преговараат, да спроведуваат стандарди и да оспоруваат резолуции.
Сепак, со самото тоа што работничките права и синдикатите се под постојани напади на глобално ниво, постигнувањето на конечен договор за новата Конвенција нема да биде лесно.
Според една анкета на МОТ, во 14 земји во февруари 2024 година, густината на членството во синдикатите на платформски работници изнесува 13.4%. Платформските работници се за зачленување во синдикат и се’ повеќе се рецептивни кон синдикатите, но само една четвртина од нив рекле дека сакаат да станат дел од синдикат.
Голем дел од нив имаат големи притисоци, па затоа само со силна Конвенција нивните права можат да бидат заштитени.
Извор: Yoirkshire Bylines

