Останато

Граѓаните и компаниите ќе пријавуваат корупција преку електронски систем

Владата на денешната 103 седница ја усвои информацијата за потребата од потпишување на Договорот за воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.

Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органи на државната управа, како и да пријават проблеми во постапки за добивање определена услуга.

Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за било која услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.