Останато

Дали би заминале од Македонија за да живеете во „најсреќната земја“? Еве што нудат

Животот во сигурен, уреден свет е нешто за што голем број од граѓаните сонуваат, но ако се фокусираме на Балакнот, можеме да забележиме дека работната сила заминува во се поголем број, особено од Хрватска, и покрај „олеснувањата“ од страна на Европската унија.

Меѓутоа, светлата страна е што овие земји ги бараат и нашите високообразовани стручњаци, најмногу од секторите како што се ИКТ, инженерство, здравство. Тоа е мала група на луѓе. Макар што во последно време им недостигаат и готвачи.

Пред да заминете, би било добро малку да истражите за тоа како живее локалното население, а искуствата на луѓето од Балканот кои заминале во Данска поради подобра иднина, зборуваат и овојпат – животот и работата во некои земји имаат предности и маани, ништо не е црно – бело. 

Кафе „за носење“ е ритуал кој повеќе важи во западните земји, па и на северот од Европа, отколку на Балканот. Цените секако се поголеми од регионот, а големи се и оние на становите. Поради тоа, многу студенти одлучуваат да живеат во студентски дом или со цимери. 

Зошто ја избираат Данска?

Сепак, не треба да се заборави на високиот стандард и добрите плати. Данска е особено погодна за жени, со оглед на тоа дека е на врвот на европската листа во контекст на родовата рамноправност. 

На Фејсбук постои и страна „Хрвати во Данска“, што зборува за тоа дека оваа земја станува се попопуларна. Неодамна е објавен и пост дека еден азиски ресторан бара работници: се додава дека им се “потребни коктел келнери, без диплома, за сервирање на храна со коктели плус работа со готвач“. 

Исто така, нагласено е дека познавањето на данскиот јазик е пожелно, но не и неопходно. 

Расте потребата и за стручњаци за механика и електроника, но тоа секако не значи дека е лесно да се пронајде работа. Секако, зависи и од струката. Сепак, искуствата на многу Балканци зборуваат дека е „борба“ да се пронајде работа од „прва“ и дека треба да се испраќаат што повеќе отворени молби – директно на компаниите, потоа да се јави на телефон, да се поврзе на LinkedIn, да се испрати CV и да се шират контактите.