ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

Дали постои можност за исплата на годишен одмор?

Тема: Дали постои можност за исплата на годишен одмор…??
 
Деновиве неколку пријатели ме контактираа на оваа тема, а гледам дека и на социјалните мрежи е актуелна. Па, се даваат разни мислења, толкувања, за жал делумно точни или целосно неточни. Согласно одредбите на Законот за работните односи вработениот има право на годишен одмор. Согласно Конвенцијата 132 на МОТ, а која Македонија ја има ратификувано, вработениот има право на минимум платен одмор во траење од три работни дена ако не ги исполнува условите за полн годишен одмор. Вработениот НЕ може да се ОТКАЖЕ од правото на годишен одмор по ниту еден основ. Работодавачот НЕ може да го ЗАМЕНИ користењето на годишниот однор преку ИСПЛАТА на деновите на годишен одмор, дури и ако тоа го бара вработениот! Согласно членот 145 од ЗРО единствен исклучок за исплата на годишен одмор е ако на вработениот му престанал работниот однос не по негова вина или волја, и ако предходно тоа го побарал. Значи станува збор за т.н. отказ заради технолошки вишок или отказ од лични причини.
НИШТОВНА Е било каква спогодба или одлука за исплата на годишниот одмор, наместо негово користење.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека правото на годишен одмор може да се исплати ако тоа е уредено со интерен акт на работодавачот!
ПОГРЕШНО Е да се смета дека годишниот одмор е договорно право помеѓу работодавачот и вработениот.
ПОГРЕШНО Е формално да се води дека годишниот одор е искористен, а фактички вработениот да добие надомест или воопшто да не го искористи!
ПОТРЕБНО Е да се разјаснат неколку дилеми околу начнинот и времето на користење на годишниот одмор заради практични проблеми и нејаснотии во актуелните законски решенија.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Дали постои можност за исплата на годишен одмор…??

Деновиве неколку…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, February 15, 2021