ПравдаСветот на работникот

Две работнички во конфекција и еден доктор заболеа од ковид 19 во Штип

Се шири новиот кластер во Штип со двајца новозаболени од вчера. Утре се очекуваат резултатите од земените седум тестови на високоризични контакти од веќе заболените, потврдија од Центарот за јавно здравје во Штип. Дел од новозаболените се од кластерот на таксистот, чија сопруга е медицинска сестра во приватна ординација, исто така болна од ковид. Тестираните колеги на медицинската сестра се негативни, со исклучок на еден доктор, кога е на домашно лекување. Потврдениот случај на една од конфекционерките е нејзина пријателка. Овие први случаи на заболени од ковид во конфекција се земени крајно сериозно од страна на Центарот за јавно здравје, бидејќи и покрај препораките, не може да се држи социјална дистанца во конфекциските автобуси, полни со работници, ниту пак се почитуваат правилата при паузите за појадок и кафе.

Поради тоа, од Центарот упатија апел до граѓаните да се придржуваат кон мерките.

Повеќе прочитајте на ммс.мк