ПравдаСветот на работникот

Дисциплинска одговорност на вработените во јавните установи

Дисциплинска одговорност на вработените во јавните установи
Вработените во јавна установа за социјална заштита како даватели на јавни услуги, лично се одговорни за вршењето на работите и работните задачи од работното место. За повреда на службената должност, вработениот ќе одговараат дисциплински, за дисциплинска неуредност и дисциплински престап.
Дисциплинска неуредност претставува полесна повреда на работна дисциплина, работните задачи, додека пак дисциплинскиот престап претставува потешка повреда на службена должност, работната дисциплина, угледот на институцијата или угледот на давателот на јавна услуга. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработениот.
Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на давателот на јавна услуга може да му се изрече една од следниве дисциплински мерки: – писмена опомена и – парична казна во висина од 10% од висината на едномесчниот износ на нето плата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност во траење од еден до три месеци.
Со одлука за утврден дисциплински престап на давателот на јавна услуга може да му се изрече една од следниве дисцилински мерки: – парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето плата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци, – распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и – престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за давателот на јавна услуга кој го сторил престапот.
Збирот на паричните казни изречени на давателот на јавна услуга во еден месец за дисциплиска неуредност и дисциплински престап не може да надмине 30% од износот на неговата влупна нето плата за тој месец.
Тимот на Јуридика