Добила отказ бидејќи ги учела клиентите како да го измамуваат тестот за коронавирус
Русинката Катарина Семјонова, една од главните менаџерки на туристичката агенција Анекс Тур од Краснојарск, била избркана од работа кога на интернет се појавила снимка на која ги учи луѓето како да ги мамат тестовите за коронавирус.
Семјонова не се воздржувала да до најситни детали им дава упатства на луѓето како да летуваат во Египет, па дури и ако се заразени со коронавирус.
На снимката можело да се види своевидното упатство на Катарина со нагласок за користење на спреј за нос „Мирамистин“.
Семјонова на себе не го навлекла само гневот на здравствените работници во Русија, туку и на обичните граѓани во период кога земјата ја погодува трет бран на пандемијата.
„На патниците им објаснував како да го користат спрејот. Им реков да го испрскаат насекаде – во нос, уста, на облеката, за да на тестот добијат негативен резултат. Овој совет им помогнал. Иако биле заразени, односно со позитивни наоди, после користење на спрејот, ПСР тестот покажувал дека се негативни и оние од Краснојарск преку агенцијата во којашто работам заминаа во Египет“, признала Катарина на сослушувањето.
Шокираните полицајци ја прашале дали се срами што испраќала заразени патници во други земји и така директно придонесувала кон ширење на вирусот. Таа се бранела со молк, со оглед на тоа дека се работи за личност која на Инстаграм пропагира ставови против вакцините.
Водителот на најпопуларната емисија во Краснојарск Бал Дебјунтанток јавно го изнел својот став.
„Таа треба да биде сериозно казнета поради тоа што го направила. Должноста на секој вработен е да се придржува до мерките и да ги советува луѓето во корист на борбата со коронавирусот, а не да го поддржува неговото ширење преку измами. И потоа се прашуваме од каде дојде третиот бран“, рекол водителот кога слушнал дека Катарина Семјонова поради ова била отпуштена од работа.
Извор: https://www.espreso.co.rs/
Фото: Katarina Semjonova, Foto: Printscreen

