Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост
И оваа година, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, САСА продолжи со својата континуирана поддршка наменета за овој важен сегмент од локалната заедница.
Оваа година, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА донираше опрема и материјали за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 лица од општина Македонска Каменица.
Донацијата се состои од кревети, клима-уреди, играчки, хартија и прибори за цртање, принтер и друг канцелариски материјал.

