МакедонијаСиндикат

„ЕУ интеграциите и владеењето на правото немаат вистинска смисла доколку во нивниот центар не се стави работникот и неговото семејство”

Фејсбук статус на КСС:

КСС учествуваше на двете пленарни конференции со панел дискусии во организација на Националниот совет за евроинтеграции кои беа на следните теми:

🟦 „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската унија“
🟦 „Нека правдата владее во регионот“

На конференциите беше адресиран ставот на КСС, при што јасно укажавме дека реформите, ЕУ интеграциите и владеењето на правото немаат вистинска смисла доколку во нивниот центар не се стави работникот и неговото семејство.

➡️ За работниците, владеењето на правото не е апстрактен поим – тоа значи:

  • фер и достоинствена плата,
  • безбедно и здраво работно место,
  • правда и ефикасни институции кога нивните права се прекршени,
  • судски постапки за работни спорови кои не траат со години.

Беше истакнато дека реформите не смеат да останат само на хартија – законите мора да функционираат и во пракса, за секој работник.

Со оглед на тоа дека во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија е нотирано унапредување на социјалниот дијалог, ние како КСС остануваме доследни и ќе се залагаме за:
🔵 Функционален социјален дијалог,
🔵 Јасни критериуми за социјална правда,
🔵 Учество на синдикатите во креирањето, но и мониторингот на реформите