ПравдаСветот на работникот

Закон за предвремено пензионирање со докупување на стажот од следната година

Законското решение за одење во пензија со 64 години се наоѓа во Собранието. Ова предлог – законско решение го предложија пратениците. Знаете дека во изминатиот период постоеја 482 амандмани конкретно за Законот за работни односи којшто се системскиот закон на кои се повикуваат и другите закони, рече Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање.

„Моите сознанија е дека ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура. Овој закон предвидува пензионирање со 64 години возраст за мажи и жени и 15 години работен стаж. Доколку сакаат жените, можат согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување да поднесат барање и да излезат во пензија со навршени 62 години“.

Таа посочи дека Законот за пензионирање со докупување на стажот ќе почека до следната година, бидејќи како што наведе за оваа година приоритет се законите за работни односи, недела како неработен дена и Закон за безбедност и здравје при работа.

Потенцираше дека прво ќе треба да се направи една темелна анализа и да се увиди каква се состојбата на пензискиот фонд.