Ковачевски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам поскапување на струјата
Не можеме ни да ги демантираме ниту да ги потврдиме шпекулациите во јавноста околу цената на електричната енергија, но на крајот одлуката ја носи Регулаторната комисија, вели генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој се надева дека оваа година нема да има зголемување на цената која Државни електрани ја испорачуваат кон ЕВН Хоум, или ако има – ќе биде минимално. Законската обврска за оваа година е да испорачаат 70% енергија кон универзалниот снабдувач.
-Kако компанија ги правиме пресметките и напорите да испорачаме повторно како и минатата година 100 %, по цена која ќе ја регулира Владата, нашиот сопственик. Се надевам цената да нема промени во нашиот дел како ЕСМ, иако ние учествуваме со 40% во вкупната цена на енергија кон крајните потрошувачи, сметам дека повторно ќе успееме и ова година да ја стабилизираме цената, да нема зголемување, или ако тоа евентуално биде, ако одлучи Региулаторна, да биде нешто минимално во фактор на корекции, вели Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.
Тој вели дека цената е берзански производ, а тие може да влијаат до одреден простор.
-Ние во јуни настапуваме на набавката на Евн Хоум со 22 евра пониска цена од берзанската цена на Хупекс за месец јуни, јули и август. Ние се ќе направиме во рамкуте на нашуте можности, во раките на можностите на Владата, мора да најдеме начин да ги супституираме овие минусни салда, но на крајот на денот најважно ни е да нема ценосвни шокови кон граѓаните,но знаете струјата прави ценовни шокови кон индустријата, производтсвото, вели Ковачевски.
Македонија се стреми кон зеленото сценарио за производство на енергија, што повлекува големи инвестиции, но Ковачевски вели дека наоѓаат начин да ги прават заштедите на непродуктивните трошоци.
Извор: Сител

