Зголемен бројот на вработени во вториот квартал од 2022, но ќе има корекции поради пописот
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во второто тромесечје, активното население во Македонија изнесувало 812,056 лица, од кои вработени се 694,376, а невработени се 117,680 лица.
Стапката на активност во дадениот период изнесува 55.3, стапката на вработеност – 47.3, а стапката на невработеност изнесува 14. 5.
При обработка на податоците за 1 и 2 тримесечје 2022 користени се регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно податоците од Попис 2021. Во многу скоро време ќе се изработат проценки за 2021 година и прогнози за 1 и 2 квартал 2022 година, по што ќе следи корекции на соопштението за 1 и 2 квартал 2022 година, велат од ДЗС.
